Tevfik Durul
17 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
АТИНА
Грција ќе ѝ плати 2,3 милијарди евра на Франција за 18 борбени авиони од типот „Рафал" (Rafale), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Владиниот портпарол Стелио Петсас на редовната прес-конференција се осврна на авионите „Рафал“ кои треба да се купат од Франција.
Наведувајќи дека Грција ќе купи 6 нови и 12 користени авиони „Рафал“ за 1,92 милијарди евра, Петсас рече дека ќе платат и 400 милиони евра за опремата на овие авиони.
Петсас истакна дека првата испорака од Франција ќе пристигне во во јули следната година и дека сите 18 авиони ќе пристигнат во земјата до средината на 2023 година.
- Уделот наменет за вооружување е зголемен 5 пати
Во време на напнатоста на Источен Медитеран и на Егејското Море, администрацијата во Атина го зголеми уделот во буџетот за вооружување за 5 пати за 2021 година и покрај финансиските тешкотии во земјата и политиките за штедење.
Грција за одбраната во буџетот за 2021 година одвои 5,49 милијарди евра и 2,5 милијарди евра за вооружување, со тоа достигна највисокото ниво на буџет во последните 11 години.
Премиерот Кирјакос Мицотакис најави дека наскоро ќе биде потпишан официјален договор со Франција за купување на авионите „Рафал“ .
Грција предвидува дека нејзината економија годинава ќе се намали за 10,5 проценти, според нејзините буџетски цели.