Hasan Esen
22 Март 2016•Ажурирај: 23 Март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Премиерот на Белгија, Шарл Мишел, рече дека денес за Брисел е црн ден, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Мишел, одржа прес-конференција во врска со нападите кои се случија на аеродромот во Брисел и метро станицата Маелбек.
„Се случи тоа од што се плашевме. Денес за нашата земја е црн ден. Треба да бидеме смирени и солидарни” изјави белгискиот премиер.
Објаснувајќи дека има многу загинати и повредени во нападите, Мишел кажа дека состојбата на некои од повредените е тешка.
Мишел најави дека ширум Белгија се зголемени безбедносните мерки и дека голем број на војници се распоредени во Брисел, додаде дека во оваа фаза не е познато дали овие напади имаат некаква врска со апсењето на осомничениот за терористичките напади во Париз, Салих Абдуселам.
Белгискиот обвинител Фредерик Вал Леув, пак рече „Се случија три терористички напади. Најмалку еден од нападите на аеродромот е самоубивствен напад”
Во утринските часови се случија два напади на аеродромот во Брисел и еден на метро станицата Маелбек, која се наоѓа на 500 метри од зградата на Комисијата на ЕУ. Локалните медиуми објавија дека во двата напада има најмалку 23 жртви.