Hasan Esen
22 Март 2016•Ажурирај: 23 Март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Бројот на загинатите во терористичките напади кои се случија во главниот град на Белгија, Брисел, се зголеми на 34 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната белгиска телевизија ВРТ, најави дека на метро - станицата загинаа 20, додека на аеродромот во Брисел 14 лица.
По нападите, нивото на опасност од терористички закани е дигнато на највисоко ниво, аеродромот во Брисел е евакуиран, сите летови се откажани а метро станиците се затворија.
Премиерот на Белгија, Шарл Мишел, во својата прва изјава по нападите, повика на смиреност и солидарност.
По нападите и многу европски земји ги подигнаа мерките за безбедност.