Bilal Acar
17 Декември 2020•Ажурирај: 18 Декември 2020
ЛОНДОН (АА) - Експертите во Велика Британија соопштија дека нема доволни докази дека консумирањето на витамин Д го спречува или го лекува новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Национален институт за здравство и квалитет на нега (NICE), Институтот за јавно здравје на Велика Британија и Научно-советодавната комисија за исхрана ја објавија завршната изјава во врска со панел-дискусијата на која беше разговарано за врската на витаминот Д со Ковид-19.
„Не постојат доволни докази дека витаминот Д, кој е важен за коските и мускулите и може да игра улога во имунитетот против респираторните вируси, го лекува Ковди-19“, се наведува во изјавата.
Според изјавата, потребни се повеќе рандомизирани контролирани испитувања од висок квалитет со цел откривање на ефектите на витаминот Д против Ковид-19.
Се истакнува дека консумирањето витамин Д во високи дози во подолг временски период може да предизвика акумулација на калциуми, и дека затоа коските може да ослабат и може да им се наштети на бубрезите и срцето.
Доктор Пол Крисп, шефот на директивниот центар на Национален институт за здравство и квалитет на нега, нагласи дека моментално не постојат доволни докази за да се препорачува витамин Д во спречувањето или во лекувањето на Ковид-19.
Покрај тоа, Крисп упати предупредување до жителите да ја почитуваат препораката на британската Влада во врска со консумирањето на витаминот Д.