АНКАРА (АА) – Документите што излегоа на виделина по обидот за пуч на ФЕТО, наспроти тврдењата на лидерот на ФЕТО, содржат траги што би можеле да докажат дека извршителите на нападот се приврзаници на ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Некои видео-снимки од темната ноќ во Турција, во која загинаа 246 полицајци, војници и цивили, како осомничени извршители ги покажуваат приврзаниците на ФЕТО.
Полицаец- приврзаник на ФЕТО излезе од својот пучистички тенк
Митхат Ајнаџи бил фатен со униформа во еден тенк на улицата Ватан, каде што цел беше Директоратот за безбедност во Истанбул. Тој во процесот меѓу 17-25 декември бил директор на Штабот за безбедност во Истанбул и потоа поради тврдењата дека е приврзаник на ФЕТО/ПДЈ бил разрешен од функција. Сето ова се доказите што покажуваат дека обидот за државен удар е дело на ФЕТО.
На виделина излегоа видео-снимките коишто покажуваат како Ајнаџи на улицата Ватан се качува во воено возило, човек, кој бил разрешен од функција поради тврдењата дека бил од приврзаниците на ФЕТО, но поради тужбата што ја отвори, повторно беше вратен назад.
Порака до „постарите браќа“ да го поддржуваат обидот за државен удар
Пораките во мобилниот телефон на фатениот приврзаник на ФЕТО, Зеки Т., еден од поранешните директори за безбедност, зазедоа место меѓу другите примери што претставуваат доказ дека државниот удар е направен од припадниците на ФЕТО.
„Постари браќа, наредбите од полицијата не треба да се применат. Секој нека оди на Генералштабот, никој да не остане неинформиран, да воспостават контакт меѓу себе, да оформат синџир, вклучувајќи ги и пензионерите... секој активен пензионер во Анкара да си ја земе пушката... да ги застрела сите што се бунат...“ е пораката што покажува како функционирал планот на ФЕТО за воен удар.
Молитва на Ѓулен во џебот на капетанот-приврзаник на ФЕТО
Од облеката на капетанот на брод Халдун Гулмез, кој ранет беше фатен за време на нападот врз хотелот во Мармарис, во кој се наоѓаше Ердоган, излезе текст на кој имаше клетва за Ердоган и за владата.
Од облеката на Гулмез, кој е еден од осомничените, приведен во Измир, излегоа клетви за претседателот Ердоган и за владата со наслов „молитви за Х.Е“ (молитви за Владата и Ердоган).
Беше откриено дека жените на двајца офицери биле осомничени за проток на прашањата за КПСС (Испит за бирање јавни службеници)
Поради можната поврзаност со ФЕТО, внимание привлекоа двете сослушувањата за жените на двајцата офицери Халдун Гулмез и Реџеп Зафер, за кои е изречен притвор.
Се откри дека Кубра Ѓулмез, сопругата на Халудин Ѓулмез, била меѓу осомничените на сослушувањата во 2010.
Зејнеп Афра Зафер, сопругата на мајорот Реџеп Зафер, била меѓу осомничените поради проток на прашањата за КПСС во 2010 година.
Се откри дека имало 580 жени на офицери, кои се осомничени поради тоа што испитот го положиле со точен одговор на повеќе од 100 прашања на КПСС. Кубра Гулмез и Зејнеп Афра Зафер биле едни од тие што добиле најмногу поени.
Во контекст на сослушувањето, под водство на обвинителот во Анкара Јуџел Еркман, во извештајот на Управата за финансиски прекршоци стои дека жените на некои од офицерите со функции во турските вооружени сили, на ФЕТО му имале исплатено пари со назнака „помош“.
Покраинскиот имам во Сакарја е фатен во Акинџи
Ас. доц. д-р Адил, приврзаник-имам на ФЕТО во Сакарја, беше фатен утрото на 16 јули, во Анкара Акинџи 4. Главната базна команда. На сослушувањето рекол дека во таа област дошол за да гледа ниви. Било утврдено дека 2 дена пред обидот за пуч се вратил од странство.
Била спроведена истрага во канцеларијата на Оксуз, која се наоѓа на факултетот каде што е вработен.
Му биле запленети некои од документите и бил копиран хард дискот на неговиот компјутер. Во фиоката на неговата маса била најдена една книга од Фетулах Ѓулен.
Искази од командирот во врска со ФЕТО
„Член сум на паралелните структури“, призна во изјава Туркан. Тој исто така призна дека со години наназад работел за Фетулах Ѓулен, како и дека без противење одговарал на сите заповеди од луѓето од таа организација“.
„Кон крајот на основното училиште се запознав со 'браќата'. Јас од мојата петта година сонував еден ден да станам офицер. „Старешините од организацијата беа задоволни кога слушнаа дека сакам да одам во средно воено училиште. Влегов на приемен испит во Средното воено училиште „Истиклар“ во 1989 година. Бев сигурен дека со своето знаење ќе го положам тој испит, како што беа сигурни и тие. На полноќ пред испитот тие ми ги донесоа прашањата. Сердар ми донесе хартија на која беа прашањата со одговорите. Бев подготвен за испит и ги знаев сите прашања. Но ги прочитав и ги запомнив добро. Тие прашања ми ги дадоа во еден центар во Бурса.
Туркан во своето признание ја даде следната изјава: „Член сум на Паралелната структура. Дел сум од заедницата на Фетулах Ѓулен. Во 1989 година се пријавив на конкурсот за средното воено училиште „Ишиклар“. Вечерта пред испитот ми ги донесоа одговорите и успеав да се запишам во училиштето. Откако станав офицер во командата на Генералштабот, започнав да ги извршувам наредбите што ми ги даваше заедницата. Со прислушни уреди постојано го прислушувавме Неџдет Озел Паша (поранешен началник на Генералштабот на турската армија Неџдет Озел). Уредот го добивме од „постариот брат“, вработен во Телеком на Турција. Еднаш неделно ги носевме апаратите до „постариот брат“. Прислучувани беа Неџдет Озел, Хусули Акар и Јашар Ѓулер. За обидот за пуч јас дознав во 10:00 часот на 14 јули“.
Туркан рече дека поранешниот Началник на Генералштабот на турската армија, Неџдет Озел бил постојано прислушуван.
„Минијатурниот прислушен уред секое утро го поставував во канцеларијата на генералот во различни делови, а вечерта го отстранував. Имаше сопствена меморија. Батеријата траеше еден ден. Еднаш неделно уредот со снимени податоци му го носев на „постариот брат“ од заедницата, кој ми даваше празен уред. Одвреме-навреме се правеше проверка за поставени прислушни уреди во канцеларијата на началникот на Генералштабот на турската армија. Бидејќи јас бев информиран кога ќе се прават истражувањата, тие денови не го поставував уредот“, изјави Туркан.
„Заговорот за државен удар од страна на ФЕТО бил вклучен во работа на разузнавачката служба“
Земајќи ги предвид политичката позиција во Турција, социјалната атмосфера и функционирањето на судството, експертите истакнаа дека е јасно кој имал потреба од пуч во Турција.
Ослободениот по приложената жалба во случаите „Заговор за државен удар Балјоз“, „истрагата за воената шпионажа“, пензионираниот полковник и воен судија Ахмет Зеки Учок, истакна дека организацијата ФЕТО во турските воени сили подмолно работела на тајни планови за преземање на турските воени сили, а крајна цел била преземање на сите нивоа во државата.
Учок, осврнувајќи се на процесот за државен удар од 17-25 декември, рече: „Знаејќи дека не можат на демократски начин преку избори да дојдат до власт, ги активираа вработените во јавните институции и полицијата, судството и во војската и го испланираа обидот за државен удар.
Планот за преземање на државата од страна на ФЕТО/ПДЈ, чиј лидер е Ѓулен, зема место во многу проекти на разузнавачката служба од 70-тите и 80-тите години до денес. Заедницата даде посебен напор да може да ги контролира турските вооружени сили и затоа вметнуваше свои ученици во средните воени училишта“.
Пензионираниот воен судија Учок, кој во 2009 година работел како воен судија во Кајсери и во 2011 година бил избран во Првиот Кривичен суд во Кајсери, даде примери од обвиненијата како што е „Истрагата светилници“ (Işık Evler): „Потполковникот-експерт кој во тој процес доби казна од 9 години затвор, бил благонаклонет кон Ѓулен. На судиите им раскажа како им помогнал на учениците што престојувале во куќата „Ишик“ околу приемниот испит за влез во военото средно училиште.
Пензионираниот потполковник, во својата изјава ги користи кодните имиња „Асим“ и „Јуксел“ за двајца бригадни генерали кои во ученичките денови го посетиле Ѓулен. Пред 7 години во дворот на еден полковник на воздухопловните сили тие рекле: ’Станавме многу силни. По наредба на Ѓулен имаме авиони Ф-16 и Ф-4 кои можат веднаш да полетаат’“.
Пензионираниот воен судија Фаик Таримџиоглу истакна дека сите учесници во екипата на хунтата, учесниците во воениот пуч и оние што имаат духовна, менталнa и суштинска поврзаност со ФЕТО/ПДЈ, ќе бидат обвинети за членство во терористичката организација ФЕТО/ПДЈ и додаде:
„Според официјалното соопштение, војниците од воената хунта имаат вистинската поврзаност, ментална поврзаност и суштинска поврзаност со организацијата ФЕТО. Кога сите овие нешта ќе дојдат едно покрај друго, се согледува претходно формираната криминална мрежа и единиците на хунтата. Затоа на екипите од воената хунта ќе им се суди и за обидот за државен удар, и како на членови на терористичка организација поради менталната, духовната и суштинската поврзаност со терористичката организација ФЕТО."
news_share_descriptionsubscription_contact
