İsmail Çimen
21 Јули 2016•Ажурирај: 22 Јули 2016
АНКАРА (АА) – Премиерот Бинали Јилдирим, во врска со одлуката на Советот на министри за вонредна состојба, изјави: „Обидот за пуч на ФЕТО ги оправда до денес преземените мерки и беше донесена извршна одлука за спасување на државата од оваа терористичка организација“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение од Министерството, Јилдирим вели: „Вечерта, на 15 јули, ФЕТО направи обид за воен удар во кој учествуваа вооружени терористи во форма на војници“.
„Со епскиот став на големата нација за демократијата, со силната волја на претседателот Реџеп Таип Ердоган, заедно со непоколебливата одлучност на Владата во поддржувањето на демократијата, за кратко време се распрсна обидот на пучистите на предавничката група“, изјави Јилдирим.
Тој нагласи дека приврзаниците на обидот за пуч биле испратени на суд, каде што ќе им се одреди заслужената казна.
„Во овој процес нема да се оди на ниедна примена што негативно ќе влијае врз секојдневниот живот на народот. Остварените штети од обидот за пуч ќе бидат поправени. Грижите што се однесуваат на безбедноста на народот ќе бидат отстранети. Во управата ќе се обезбеди хармонија. Потребните измени ќе се направат брзо и нема да се оди со никакви незаконски рестриктивни измени. Клучната одлука, што за опстанокот на народот ја доведовме, e одлука што се однесува на функционирањето на системот на државата", истакна премиерот Јилдирим.
Јилдирим рече дека сите измени што ќе бидат извршени за време на процесот ОХАЛ (вондредна состојба), ќе бидат доставени до ТБММ (Големото народно собрание на Република Турција).
„Ние како Република Турција, со силна одлучност ги продолжуваме напорите за отстранување на оваа предавничка мрежа што отвори оган на народот и на ТБММ. Нашите граѓани да бидат сигурни дека од денес натаму, ќе покажаме максимална грижа за заштита на правниот поредок, демократијата, економската стабилизација и јавниот ред“.
Јилдирим сите продуктивни елементи на Турција ги повика на поголема продуктивност. Тој изрази благодарност на сите граѓани, медиумите, бизнис заедницта и невладините организации кои беа поддржувачи на демократијата.