АНКАРА (АА) - Турските истражувачки органи собраа доволно докази, документи, признавања и информации кои јасно покажуваат дека зад неуспешниот воен удар на 15 јули минатата година во Турција стои терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Со анализа на истражните постапки во Турција, АА дојде до информации дека досега во кривичните судови во таа земја започнати се повеќе од 100 постапки.
Судењата што се веќе почнати само ја потврдуваат одговорноста на ФЕТО за неуспешниот обид за пуч, а поранешните турски војници во своите искази признаа дека од студентските денови се поврзани со терористичката организација ФЕТО и дека обидот за државен удар е изведен по наредба на водачот на оваа организација Фетула Ѓулен.
Со обидот за пуч од воздухопловната база Акинџи раководел Адил Oксуз кој е познат како „кутија на Ѓуленовите тајни", а заедно со него важна улога имал и Кемал Батмаз, уште еден високопозициониран припадник на ФЕТО.
Клучно име во државниот удар на ФЕТО во Турција беше Адил Oксуз, исто така познат како „имам на ФЕТО во воздухопловните сили“, кој непосредно по неуспешниот обид за државен удар беше приведен, но и ослободен откако изјави дека во воздухопловната база се нашол случајно, бил во разгледување на пределот. Турските органи трагаат по него и нудат повеќемилионска парична награда за информација којашто би довела до негово апсење.
Oксуз важи за втор човек во ФЕТО и десна рака на Фетула Ѓулен. Само два дена пред јулскиот обид за пуч се врати во Турција од странство, а во изминатите 15 години, вкупно 109 пати патувал надвор од Турција.
Обвинителството собра докази дека Oксуз со враќањто во Турција ја донесе наредбата на Ѓулен за изведувањедржавен удар и дека тој им ја проследил на терористите на ФЕТО, кои во изминатите децении на различни начини се инфилтрирале во турските вооружени сили.
- Оксуз и Батмаз заедно патувале во САД за преземање на наредбата за пуч
Оксуз на 11 јули минатата година патувал во САД, а со истиот лет патувал и Кемал Батмаз, уште еден од имамите на ФЕТО. Во Турција се вратиле два дена подоцна, исто така со истиот лет. Постојат докази дека во САД присуствувале на консултативни средби со другите челници на ФЕТО.
Во текот на ноќта во која ФЕТО го изведе обидот за пуч во Турција, Батмаз во цивилна облека е снимен од надзорните камери како се движи во воздухопловната база Акинџи и како му салутираат чиновници на турската војска од редот на ФЕТО кои учествуваа во државниот удар. Батмаз се наоѓа во притвор, а откриено е дека е сопственик на фирма за недвижности којашто никогаш не издала ниту продала ниту еден недвижен имот.
Натамошниот тек на истрагата треба да утврди во кое својство Батмаз соучествувал во раководењето со обидот за државен удар, дали бил подеднакво битен или подреден на Адил Оксуз.
Покрај Оксуз и Батмаз, Харун Биниш е уште еден цивил кој имал важна улога во обидот за државен удар и кој бил задолжен за воспоставување комуникација меѓу структурите на терористичката мрежа ФЕТО. Тој, наводно, бил човек кој требало да обезбеди канал за комуникација доколку при заробување началникот на Генералштабот на турската армија Хулуси Акар ја прифати понудата да разговара со Ѓулен. Генералот Акар ја одби таа понуда и беше ослободен утрото откако обидот за државен удар беше спречен.
Во ноќта на обидот за државен удар пучистите на ФЕТО се обидоа да извршат атентат врз турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во хотелот во којшто тој ден престојувал со своето семејство во Мармарис, а водачот на таа група пучисти беше Исмаил Јигит кој при тргнувањето на таа задача прашал: „Има ли меѓу нас такви кои не се членови на Хизмет“. Хизмет е едно од имињата кои ги користи ФЕТО за да ги сокрие своите активности зад плаштот на делување за општо добро.
Јигит во исказот пред обвинителството во турската област Мугла призна дека го поставил тоа прашање пред полетување на хеликоптерот со кој пучистите дојдоа во хотелот, а тоа е еден од јасните докази дека обидот за пуч е дело на ФЕТО.
- Сведочење на заштитените сведоци исто така потврдуваат дека обидот за пуч го извршил ФЕТО
Меѓу бројните заштитени сведоци е и сведокот со кодно име „Кузгун“, кој сведочеше дека лично го видел планот за обидот за државен удар на чело со Адил Оксуз на состанокот одржан во Анкара во вилата на генералот Омар Фарук Харманџик кој беше началник на штабот на поморските сили на Турција во северната воена област.
Сведокот „Кузгун“ кажа дека генералот Харманџик притоа му кажал дека работат на планот за воен удар и дека планот е подготвен, само треба да се усогласат некои детали. Исто така му кажал дека воениот удар ќе се изведе на 15. или 22. јули.
Вториот заштитен сведок „Шапка“ кажал дека подготовките за воениот удар почнале десет дена претходно и дека тој присуствувал на состаноците во истата вила која ја споменува и сведокот „Кузгун“. Тој ги откри и имињата на учесниците на овие состаноци, а станува збор за членови на ФЕТО кои имале високи чиновнички должности во турските сили. Меѓу другото споменатите генерали Билал Акјуз, Бариш Aвиалан, Мехмет Партигоч, Гокхан Шахин Сонмезатеш и Омер Фарук Харманиџик.
„Шапка“ кажал дека Адил Оксуз на состанокот рекол дека првата задача по државниот удар ќе биде ослободување на припадниците на ФЕТО кои се во затвор. Тој, исто така, рекол дека разговарал со Ѓулен и дека ќе отпатува во посета на САД со цел да изврши консултации и се вратил за два или три дена. Најавата се совпаѓа со неговото посета патување пред пучот.
Уште еден јасен доказ што укажува дека ФЕТО го изведе обидот за државен удар јули во Турција беа конфискувани телефоните на осомничените со кои пучистите преку „ВатсАп“ (WhatsApp) група комуницирале за време на обидот за пуч.- Признание на офицер за врска кај началникот на Генералштабот
Еден од оние кои ја признаа поврзаноста со терористичката организација ФЕТО беше и поранешениот офицер за врска кај началникот на турскиот Генералштаб, армискиот генерал Хулуси Акар, мајор Левент Турккан. Признавајќи дека по назначувањето на должност во врховната команда извршувал задачи што му ги давал неговиот претпоставен во ФЕТО Турккан рече дека при запишувањето во военото училиште прашањата за приемниот испит ги добил пред полагањето, и дека соодветен за тоа е заслужен ФЕТО. Тој призна дека, меѓу другото, ги шпионирал и ги поставувал уредите за прислушување на началникот на Генералштабот.
Тој рече дека на 14 јули дознал дека ќе биде извршен државен удар и дека тоа му го рекол поранешниот советник на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Орхан Јикилкан. Турккан во својата изјава изнесе низа детали во врска со обидот за државен удар, до кои дошол преку разговори со другите членови на ФЕТО.
- Наредбата дошла од ФЕТО
Изјавата на еден од високпозиционираните офицери во турската жандармерија Ариф Калкан, опфатен во обвинението во врска со обидот за државен удар, е еден од јасните докази дека пучот е започнат по наредба на водачот на терористичката организација Фетула Ѓулен. Тој призна дека во организацијата го имал кодното име „Баки“ и дека неколкупати се среќавал со Ѓулен.
„Оружениот обид за државен удар од 15 јули, 2016 година, е извршен по наредба на Фетула Ѓулен, кој престојува во американската сојузна држава Пенсилванија. Покрај тоа, на состанокот на 8 или 9 јули, мојот претпоставен во организацијата (аби), мајорот Ахмет Ајдин, рече дека пучот се подготвува по наредба на Фетула Ѓулен“, рече Калкан во својата изјава.
- Распоред на задолженијата три дена претходно
Мајорот Фазил Ергун, опфатен во истото обвинение, исто така изјави дека членовите на организацијата започнале подготовки, а потоа и самиот пуч по наредба на Ѓулен. Ергун призна дека со други двајца членови ФЕТО се состанал на 12 јули во вечерните часови и дека лицата со кодните имиња „Осман“ и „Хакан“, му соопштиле дека на 15 јули, околу три часот по полноќ ќе биде преземена власта. Како што изјави, таму му било кажано дека наредбата за таквиот чекор ја дал Ѓулен. Ергун изјави дека паралелните структури на ФЕТО инфилтрирани во турските вооружени сили биле задолжени за извршување на државниот удар.
- Плановите ковани на Воздухопловната академија
Според информациите од обвинението покренато од истанбулското Специјално обвинителство за тероризам и организиран криминал, плановите за државен удар се правени во Воздухопловната академија, во командата на Втората оклопна и 66-та Механизирана пешадиска бригада, односно на состаноците одржувани во тие команди.
На тие состаноци е одлучено координацискиот тим го сочинуваат офицерите Музафер Дузенли, Мурат Јаник, Онур Озден, Мехмет Мурај Челебиоглу и Узај Шахин. Овие лица подоцна ги координирале состаноците во пресрет на обидот за државен удар.
- Планирањето на воениот удар на Воената академија
Во обвинението на главниот обвинител за тероризам и организиран криминал во Истанбул, во рамките на истрагата во врска со обидот за државен удар на ФЕТО, се наведува дека на состаноите на 2. Оклопна бригада, 66. Моторизирана пешадиска бригада и Командниот штаб на Воената академија се развиени плановите за обид за пуч.
Во обвинението се наведува дека по споменатите состаноци за обид за пуч, обвинетите, поранешниот штабен полковник Музафер Дузенли, Мурат Јаник, Онур Озден, Мехмет Мурат Челебиоглу и Узај Шахин, се задолжени за водење на активностите во тимот за комуникација и координација.
Обвинетите пристигнале во Истанбул и ги координирале состаноците на кои е планиран обидот за државен удар. Обвинетиот Ејуп Гурлер, Мурат Јаник, Озкан Aјдогду, Мехмет Наил Јигит и Фетхи Алпај пред состаноците во Истанбул знаеле за плановите за воен удар.
- Состанокот на 2. Оклопна бригадаСпоред изјавата на обвинетиот Мурат Јаник кој бил вработен во Командниот штаб на Копнената воена академија, пред обидот за пуч на членовите на терористичката организација ФЕТО, извршен на 15 јули, кој е координиран низ цела Турција, за планот на пучот што се однесувал на Истанбул се одржани три состаноци во Истанбул, пред 15 јули.
Со состанокот во врска со подготовките за пуч, кој е одржан на 13. јули во 2. Команден штаб на оклопната бригада во Истанбул, воглавно го координирал Музафер Дузенли.
На состанокот, на кој присуствуваа и команданти, се разговарало за дотогашните подготовки на подрачјата со кои тие командуваа. На спомнатиот состанок Дузенли препорачал „на оние кои ќе отворат оган да се одговори со оган”, а одлучено е по пучот во целата Турција да биде објавена листа на воен режим.
На состанокот е разговарано и за плановите во врска со местата кои во рамките на пучот ќе бидат заземени. На безбедносните камери на 2. Команден штаб оклопните бригади во Истанбул, снимени во период од 12. до 14. јули се гледа дека на состаноците присуствувале и 17 високи воени функционери од неколку турски градови.
- Снимки од Воена академија
Според видео снимките на Воената академија, персоналот кој учествувал во пучот, ја заклучил просторијата од 14 до 15 јули, каде во таа прилика одржале состанок на кој разговарале за подготовките за пуч.
- Упад во седиштето на ТУРКСАТ
Утврдено е дека пучистите кои упаднаа во седиштето на ТУРКСАТ со себе го повеле тимот за емитување во кој се наоѓале вработените од Саманјолу ТВ и ТУБИТАК, инаку членови на ФЕТО, за да ги прекинат сите емитувања и да овозможат само да се слушне гласот на пучистите. Во обвинението се наведува дека во тиомот се наоѓал и обвинетиот Мехмет Дагкој, кој завршил Гимназија Јаманлар која се доведува во врска со ФЕТО.
- Поранешниот начелник на полицијата во тенк
Во рамките на истрагата против паралелната држава утврдено е дека Митхат Ајнаџи, кој во текот на процесот „17-25 декември” поради поврзаноста со ФЕТО/ПДЈ е разрешен од должноста на шеф на безбедносниот оддел на полицијата во Истанбул, во ноќта на обидот за државен удар е пронајден во униформа во еден од тенковите кои се обиделе да го заземат седиштето на истанбулската полиција.
Исто така, поранешните начелници на полицијата Локман Кирцили и Гурсел Актепе се приведени додека чекале пред Одделот за разузнавачки работи во Дирекцијата на полицијата за да преземат власт.
Од изјавата на Актепе е јасно дека има симпатии кон Ѓулен и дека два дена престојувал во куќата во САД во која престојува Ѓулен, каде присуствувал и на состаноците и на предавањата.
Откако е разрешен од должност, и понатаму месечно од ФЕТО примал плата. Во ноќта за време на обидот за пуч Актепе како и другите добиле порака „сите да се вратат на поранешните должности”, после што стигнал пред седиштето на Дирекцијата на полицијата.
- „Згазете, убијте, прегазете"
Во рамките на истрагата која се спроведува во Коња, лицето со кодно име „Енес” раскажа дека лицата кои биле ангажирани во ФЕТО дале наредби во врска со државниот удар.
Осомниченото лице раскажа дека е член на ФЕТО во ноќта за време на обидот за пуч го повикало на телефон и му кажало „кој и да излезе пред вас и се обиде да ве спречи, немајте милост, згазете и убијте”. Во рамките на истрагата во Батман, приведениот Умит Ејвазоглу рече дека добил наредба да изврши наредби на ФЕТО и да направи се за да би се срушил отпорот против пучистите.
- Порака: „Спремни се 20 илјади војници”
Во рамките на истрагата против ФЕТО утврдено е дека поранешниот полковник, заменик на командантот на 5. Оклопна бригада Узај Шахин ден пред обидот на пуч преку
„ВатсАпп" (WhatsApp) пратил порака која гласела: „Во Тракија се спремни 20 илјади војници”.
Во групата на „ВатсАпп" каде стасала порака се наоѓале и други пучисти. Еден од најјасните докази кои покажуваат поврзаност на ФЕТО со обидот за пуч во Турција е и случајот на начелникот на Генералштабот на турските вооружени сили Хулуси Акар. Акар во текот на исказот во обвинителство рече дека во текот на заробувањето командантот на 4. Воздухопловна база Акинџи генералот Хакан Ервим му понудил да го спои и да разговара со „водачот Фетула Ѓулен”.
- Заканувачки пораки на Ѓулен
Ден по ообидот за пуч во Турција, Фетула Ѓулен, кој рекол дека нема „никаква врска со бунтот”, наредните денови за турскиот народ рече дека се „идиоти”, додека во џебовите на пучистите се пронајдени банкноти од еден долар на кои Ѓулен учел молитва.
Исто така, кај капетанот кој го бомбардирал хотелот во кој престојувал претседателот Ердоган пронајдена е молитвата на Ѓулен. Службениците во одделот за извршување на пресуди во Измир пронајдоа порака која била упатена на внукот на Ѓулен кој престојувал во тој оддел, а која гласеше: „Овој обид не успеа. Нашите пријатели изгледа не се организирале добро. Што ќе биде сега, дали ќе има некаков нов обид? Што ние тука можеме да направиме ...”.
Според обвинението во рамките на истрагата против ФЕТО еден од доказите е и белешката на поранешниот бригаден генерал, шеф на здружениот штаб Мехмет Партигоч, а која ја испратил на семејството. Во белешката е напишано: „Нам ни припадна задачата да ја запреме лошата состојба во која земјата се најде. Да не го направев овој бунт, мене до крајот на животот би ме задржале во затвор”.
news_share_descriptionsubscription_contact
