Burcu Arik
30 Март 2017•Ажурирај: 30 Март 2017
ВАН (АА) - Најмалку двајца припадници на терористичката организација ПКК се убиени утринава, во антитерористичката операција што турските безбедносни сили ја извршија во југоисточната покраина Ван, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувано полициско официјално лице за АА изјави дека полицијата утринава извршила претрес на еден објект во подрачјето Салихије, каде што двајца припадници на терористичката организација ПКК подготвувале терористички напад.
Терористите го одбиле да се предадат на полицијата и отвориле оган, по што полицијата возратила со оган.
Во акцијата е запленета поголема количина оружје и експлозив што бил наменет за изведување на терористичкиот напад.
И понатаму траат антитерористичките операции во југоисточниот дел на Турција и во северниот дел на Ирак.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ. Станува збор за организација којаштот подолго од три децении спроведува воена кампања против Турција, а таа кампања ја интензивираше во јули 2015 година. Досега, во тие напади се убиени повеќе од 1.200 лица, вклучувајќи припадници на турските безбедносни сили и цивили.
Покрај Турција, ПКК дејствува и во северниот дел на Ирак и во Сирија, каде што дејствува огранокот ПЈД/ЈПГ.