Özkan Bilgin
07 Јануари 2016•Ажурирај: 08 Јануари 2016
ВАН (АА) - Сиријците кои избегале од својата земја поради граѓанската војна сега се соочуваат со зимските временски услови во градот Ван во Турција, каде што моментално престојуваат, јавува Anadolu Agency (AA).
Неповолни временски услови, вклулувајќи го и источниот дел на Турција, претставуваат проблем за Сиријците кои живеат во шаторите и бегалските контејнери.
Халил Јасин со своите пет деца избега од Сирија и побара засолниште во Турција, каде што почна нов живот заедно со своето семејство во градот Ван. Во разговор за АА зборуваше за своите проблеми со кои се соочуваат.
Јасин изјави дека се обидува зимата да ја поминат во шатори.
"Живееме со помош на хумани луѓе. Бидејќи јас не работам, не можат да најдам пари. Поради студеното време повеќето од нашите деца се разболуваат", вели тој.
Јасин Наби е исто така бегалец.Живеел во шатори, а после одредено време, по снежните врнежи добиле контенјер за престој кој им го донирал добротвор .
"Кога дојдовме за прв пат имавме тешкотии, се соочивме со бројни проблеми. Во споредба со првите денови нашата моментална ситуација е малку подобра. Господ да ги благослови сите оние кои ни помогнаа. Условите во контејнерите се подобри од шаторите, но немаме електрична енергија ", рече Јасин.
Тој вели дека ако не се реши проблемот со електричната енергија, повеќе ќе се погрижи за своите деца. Сепак, додава дека тие ќе се обидат да живеат во контејнерите за бегалците со неговата сопруга и трите деца.