Hülya Çorakçı Ertan
22 Ноември 2017•Ажурирај: 23 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, денеска во Истанбул порача дека се залажуваат оние што мислат дека прашањето на бегалците ќе биде решено со негрижа и со покажување сила преку подигање ѕидови, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тероризмот на глобално ниво стана најголема закана. На второ место е миграцијата. За жал, поради нестабилностите што се случуваат во нашиот регион, бројот на оние што се во позиција на бегалци надмина 55 милиони. Колку земји во светот имаат 55 милиони луѓе? Можеби 20 земји. Затоа, оние што сметаат дека овој проблем ќе биде решен со негрижа, незаинтересирано однесување и со покажување сила преку кревање ѕидови, брзо ќе сфатат дека направија голема грешка. Очекуваме дека во текот на борбата против тероризмот, секоја земја детаљно ќе се позанимава со причините што го предизвикуваат истиот тој тероризам, и дека Обединетите нации имаат една позначајна улога во тоа", рече премиерот Јилдирим.