Sinan Uslu
22 Ноември 2017•Ажурирај: 22 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција, Нуретин Џаникли, денес изјави дека Турција ги смета за цел сите места каде што се наоѓаат елементите на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ и оти никој не треба да се сомнева дека ќе ги искористи правата на интервенција, гарантирани во рамките на меѓународното право, јавува Anadolu Agency (AA).
Џаникли изјави дека Турција потпиша договор со Русија за набавка на антиракетниот систем S-400 и оти договорот опфаќа испорака на два такви система.
„Планирано е првиот S-400 систем да биде испорачан во 2019 година“, изјави Џаникли.
Тој се осврна и на опсежната борба против терористичката организација ФЕТО, која на 15 јули минатата година во Турција го изврши обидот за воен удар, во кој беа убиени 250 лица.
Џаникли изјави дека досега, од Турските вооружени сили се суспендирани вкупно 8.570 војници поврзани со ФЕТО. Меѓу суспендираните се наоѓаат 150 генерали и 4.630 офицери.
Коментирајќи го и неодамнешниот скандал во НАТО, кога на воената вежба во Норвешка, на листата на непријатели беа прикажани портретите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, Џаникли изјави дека одговорот на Турција за тој скандал сигурно нема да изостане.