Ayşe Aktaş
06 Ноември 2017•Ажурирај: 07 Ноември 2017
ДАКА (АА) - Премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина Вазед, повика да се зголеми притисокот врз Владата на Мјанмар за да се запре насилството над муслиманите во Аракан (Рохинџа муслимани), пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јавуваат медиумите од Бангладеш, премиерката Вазед на неделното воведно обраќање на 63. Парламентарна сесија на земјите од Комонвелтот, која се одржува во Дака, побара од земјите-членки да посветат особено внимание на прашањето за араканските муслимани.
Таа исто така побара да се изврши притисок врз мјанмарската Влада, со цел да се запре насилството врз муслиманите во Аракан и да им се овозможи на бегалците да се вратат во своите домови.
Во нападите на мјанмарската војска, кои започнаа на 25. август во Аракан, под изговор дека се водат борби против вооружените милитанти, настрадаа илјадници муслимани. Не е можно со точност да се одреди бројот на загинатите, бидејќи мјанмарската администрација не дозволува влез ниту излез од споменатото подрачје.
Нападите прераснаа во етничко чистење. Војската и будистичките милитанти запалија и учиштија околу 300 села, а повеќе од 600.000 аракански муслимани беа присилени да ги напуштат своите огништа и да пребегаат во соседен Бангладеш. Десетици илјади лица и понатаму бараат можност да стигнат до Бангладеш.