Ali H. M.Abo Rezeg
06 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
РИЈАД (АА) - Саудискиот крал Селман бин Абдулазиз денеска во Ријад го прими Саад Харири, премиерот на Либан, кој во саботата поднесе оставка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Саудиската новинска агенција (SPA) јавува дека состанокот е одржан во палатата Јемаме во Ријад и дека кралот Селман и Харири разговарале за актуелната политичка криза во Либан.
На состанокот присуствувале и високи претставници на Саудиска Арабија, а Харири по состанокот на социјалните мрежи објави фотографија од приемот и порача дека е горд на тоа.
Од декември минатата година Харири беше на чело на либанската Влада која броеше 30 членови, а еден од коалиционите партнери во владата беше и движењето Хезболах.
За време на обраќањето кон нацијата во саботата, преку либанската државна телевизија, Харири соопшти дека поднесува оставка, а Иран и коалициониот партнер Хезболах го обвинија за мешање во внатрешните работи на арапските земји и дестабилизација на регионот.
Харири, исто така истакна дека стравува оти би можел да биде жртва на атентат.
Од друга страна, челникот на либанскиот Хезболах, Хасан Насралах, изјави дека Харири немал причина за оставка, а Саудиска Арабија ја обвини дека го принудила на тоа.