Fuat Kabakçı
06 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
СЕУЛ (АА) - Јужна Кореја воведе санкции за 18 лица, обвинети за финансирање на балистичката и нуклеарната програма на Северна Кореја, пренесува Anadolu Agency (АА).
Како што јавува новинската агенција „Yonhap“ (Јонхап), администрацијата на Сеул соопшти дека на црната листа се ставени официјалните претставници на Северна Кореја кои работат во Кина, Русија и во Либија.
Овие санкции што Сеул ги воведе за Северна Кореја имаат за цел да се прекинат финансиските трансакции за нуклеарната и балистичката програма на Пјонгјанг.
Списокот на имињата беше објавен и во „Службен весник“ на Јужна Кореја.
Официјален претставник на Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека официјалните лица кои работат во прекуокеанските земји ги претставувале банките на Северна Кореја и се обиделе да добијат финансиска поддршка за Пјонгјанг, потребна за развивање оружје за масовно уништување.
Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), по нуклеарното тестирање во Пјонгјанг изведено во септември, шесто и воедно најсилно, ѝ наметна санкции за Северна Кореја.