Bayram Altuğ
12 Декември 2017•Ажурирај: 13 Декември 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Ресорните канцеларии на Обединетите нации и партнерските организации упатија апел до меѓународната заедница да собере 4,4 милијарди долари потребни за поддршка и згрижување на повеќе од пет милиони сириски бегалци во соседните земји во текот на следната година, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на канцеларијата на Комесаријатот за бегалци (УНХЦР) за Блискиот Исток и Северна Африка, Амин Авад, денеска, во седиштето на ОН во Женева соопшти дека граѓанската војна што ја зафати Сирија и понатаму останува најголем извор на бегалската криза во светот.
Меѓународната заедница треба да го подели товарот за грижата на бегалците во Турција, Јордан и во Либан, порача Амин Авад, шеф на УНИЦЕФ за Блискиот Исток и Северна Африка.
Тој ги истакна напорите на Турција, која згрижи 3,3 милиони сириски бегалци, од кои десет проценти живеат во бегалски кампови.
„Ја слушнав веста дека Турција потрошила 30 милијарди долари за Сиријците во текот на изминатите седум години. За нас, најважно е Турција и другите соседни земји да им ја отворат вратата на тие бегалци“, рече Авад.
Тој, исто така, рече дека за реализација на Регионалниот синџир за одржливост на бегалците за 2018 година се потребни 4,4 милијарди американски долари, и ја повика меѓународната заедница да го обезбеди тој фонд.