Merve Aydoğan
12 Декември 2017•Ажурирај: 13 Декември 2017
КИЕВ (АА) - Судијата во Украина вчера го одби барањето на обвинителите, поранешниот грузијски претседател Михаил Саакашвили да биде ставен во домашен притвор пред да започне истрагата пред судењето, јавува Anadolu Agency (AA).
На 14. декември, судот ќе ја објави причината за ваквата одлука. Сепак, случајот против поранешниот претседател е сѐ уште отворен. Кратко по сослушувањето, Саакашвили ќе се состане со неговите поддржувачи кои го чекаат пред зградата на судот.
Саакашвили вчера беше донесен во судот во Киев, каде што му се суди за најмалку три кривични дела.
Тој е под истрага затоа што наводно добил средства од бизнисмен бегалец кој е близок со соборениот украински претседател Виктор Јанукович, за да започне со извршување на државен удар во Украина. Јанукович по неговото соборување беше во бегство во Русија.
Саакашвили беше уапсен минатиот петок. Тој избега од притвор на почетокот од минатата недела, кога група демонстранти што тој ги водеше го извлекоа од полициското возило. Полицијата го уапси на покривот од зградата каде што живее, откако изврши упад во неговиот дом.
Грузиското државјанство на Саакашвили му беше одземено во 2015 година, кога доби украински пасош.