Ekipa
12 Декември 2017•Ажурирај: 12 Декември 2017
ГАЗА (АА) - Најмалку двајца Палестинци загинаа во воздушен напад извршен од страна на израелските сили во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство, Ашраф Кудра, соопшти дека израелските сили погодиле мотоцикл во движење во градот Беит Лахија, северна Газа.
Истиот извор јавува дека телата на двајцата убиени Палестинци се пренесени во болница во Беит Лахија.
Израелските сили и синоќа извршија артилериски напад на периферијата на Беит Лахија, во кој немаше човечки жртви.