Ekipa
12 Декември 2017•Ажурирај: 12 Декември 2017
БЕРЛИН (АА) - Надлежните соопштија дека едно лице загинало во експлозија во постројка за природен гас во близина на границата на Австрија со Словачка, јавува Anadolu Agency (AA).
Австриските медиуми ги објавија наводите на Соња Келер, службеничка на Црвениот крст, која изјави дека 18 лица се повредени.
Засега нема наводи за тоа што би можело да ја предизвика експлозијата во погонот во Баумгартен, источно од Виена, каде што се поврзуваат цевководите и се компримира гасот.