Adel Ömeragiç
18 Декември 2015•Ажурирај: 18 Декември 2015
ПОДГОРИЦА (АА) - На претседателот на Политичкиот совет на Демократеската партија на социјалистите и порнешен претседател на Државната заедница на Србија и Црна Гора, Светозар Маровиќ, синоќа му е одреден притвор од 30 дена, врз основа на обвинението дека извршил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба по пат на поттикнување, извршени на организиран начин, јавува Anadolu Agency (AA).
Маровиќ е уапсен утринава, по налог на Специјалниот државен обвинител, а притворот му е одереден поради „вршење влијание врз сведоците и начинот на извршување на кривичното дело и последиците“.
Адвокатот на Маровиќ, Здравко Беговиќ, изјави дека функционерот на ДПС е осомничен за злоупотреба на службената функција, но дека тој во текот на сослушувањето го негирал кривичното дело.
Главниот специјален обвинител Миливое Катниќ, наговести порано апсење на Маровиќ, истакнувајќи дека е идентификуван како шеф на криминална група во Будва и најави дека наскоро истрагата ќе биде проширена и на него во случаите плато Јаза и TQ плаза.
Сите клучни актери на аферата во Будва признаа дека се виновни за повеќе милионска штета направена на сметка на Општината Будва и државата во неколку одвоени постапки.
Светозар Маровиќ, моментално, е на функцијата претседател на Политичкиот совет на владеачката Демократска партија на социјалистите. Тој важи за партиски идеолог и стратег на нејзината долгорочна политика. Претходно беше претседател на Државната заедница на Србија и Црна Гора, а пред тоа извршуваше повеќе политички функции во Црна Гора. Низа години беше претседател на црногорскиот парламент.