Ali Cura
12 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
КИЕВ (АА) - Најмалку 10.300 лица загинаа од август 2015 до денес, во судирите во источниот дел на Украина, покажуваат податоците на ОН, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу загинатите има цивили, припадници на украинските вооружени сили, но и проруски сепаратисти. Ранети се 24.778 лица.
ОН објави извештај за човечките жртви и ранетите лица на источниот дел на Украина, во периодот од 16 август 2015 до 15 ноември оваа година. Наведено е дека од 2014 година, кога започнаа судирите во Донбас, нанесена е штета на 35.081 лице.
Меѓу смртно настраданите се наоѓаат 1.399 мажи, 837 жени, како и 138 деца. ОН истакна дека смртно настрадале 2.523 цивили, а ранети се меѓу 7.000 и 9.000.
Во судирите во Донбас, само од почетокот на оваа година загинаа 98 цивили. Ранети се 446 лица. Од ОН е нагласено дека во последните три месеци, во источниот дел на Украина загинале 15 цивили.
Судирите во источниот дел на Украина траат од април 2014 година, откако Русија изврши анексија на Крим. Иако уште во февруари 2015 година е потпишан мировен договор во Минск, источниот дел на Украина и понатаму е средиште на чести судири и е подрачје на кревко примирје.