Kübra Chohan
04 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
КИЛИС (АА) - Шеснаесетгодишниот Ахмед Дабул, кој ги загуби своите две нози во воздушен напад на режимот во североисточната сириска покраина Алепо минатата година, учи да оди повторно благодарејќи на новиот пар на протези за нозе кои му ги обезбеди Турција.
Младото сириско момче ги доби своите протези за нозе од медицинската организација Интерконтинентални доктори во турската јужна област Килис.

„Овие протези за нозе ќе му помогнат на мојот син да оди повторно. Тој доби нов живот благодарејќи на овие помагала кои ни ги обезбеди Турција“, изјави Сулејман Дабул, таткото на Ахмед во интервју за Аnadolu Agency (AA).
Ахмед е среќен што го преживеал нападот. Тројца од неговите другари кои беа заедно со него ги загубија своите животи.
Детето беше донесено во Турција на лекување.
Али Сархан, сирискиот физиотерапевт во центарот изјави дека Ахмед добил протези за нозе по неопходните медицински прегледи.
„Прво ние му помагавме да оди на овие помагала, сега може да оди сам“, вели тој.

Центарот дава бесплатен третман во Килис од 2013 година.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде неочекувана свирепи мерки против про-демократските протести.