Bayram Altuğ
25 Септември 2018•Ажурирај: 26 Септември 2018
ЖЕНЕВА (АА) - Обединетите нации (ОН) предупредија дека сирискиот претседател Башар ал Асад сѐ уште не издал дозвола за доставување на хуманитарната помош во сирискиот бегалски камп „Рукбан“, северно од границата со Јордан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Кабинетот на ОН за координација за хуманитарни работи (OCHA), Јенс Леркe, денес во Женева изјави дека хуманитарната ситуација во кампот, на сириско-јорданската граница, во последниов месец се влошува.
Тој потсети дека од почетокот на јануари, последен пат преку Јордан е доставена помош за околу 50.000 лица кои се наоѓаат во овој камп на ОН.
Леркe истакна дека според информациите кои се доставени од кампот, предупредено е дека во кампот е зголемена несигурноста и дека основните прехранбени намирници се при крај. Изјави дека од 13 до 21 септември е прекинат пристапот до клиниката која ја поддржувале ОН.
Леркe потврди дека во тој период, поради невозможноста за пружање здравствени услуги, животот го загубиле три лица, вклучувајќи едно дете.
Понатаму нагласи и дека се претпоставува оти од мај до денес, поради ужасните животни услови, кампот го напуштиле 4.000 лица.
Направени се подготовки на цивилите во тој камп да се достави хуманитарна помош, меѓутоа, Леркe истакна дека и покрај тоа, сириските власти не издале согласност за тоа.
Уште еднаш ги повика сите страни во Сирија, почитувајќи ги меѓународните закони за човекови права, да дозволат „безбеден и непречен“ проток на хуманитарната помош.
И Јан Егеланд, советникот на пратеникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, изрази зариженост поради ситуацијата со цивилите во кампот „Рукбан“.