Sibel Uğurlu
18 Декември 2017•Ажурирај: 19 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили убија најмалку 28 припадници на терористичката организација ПКК во операции кои беа извршени во текот на минатата недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 11 до 18 декември, турските сили спровеле вкупно 187 антитерористички операции низ целата земја.
Во истиот период, турската полиција уапси 148 терористи на ПКК, 75 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ и 575 осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО.
Меѓу убиените терористи на ПКК е и Мурат Даг, кој под кодното име „Ферат Јилмаз“ беше еден од високорангираните терористи на ПКК. Станува збор за терорист кој се наоѓаше на листата најбарани терористи во Турција, за чие апсење беше распишана и парична награда во износ од еден милион лири (260.000 долари).
Во соопштението се наведува дека турските безбедносни сили за време на операциите извршени минатата недела уништиле и 18 импровизирани експлозивни направи и 81 терористички скривалишта, како и складишта за оружје.
Воедно, запленето е големо количество на оружје и муниција.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 лица.