Ömer Aydın
07 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
СТРАЗБУР (АА) - Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја прогласи Бугарија за виновна во случајот во којшто се тврдеше дека три деца во оваа земја биле држени во лоши услови и под нехуман третман, јавува Anadolu Agency (AA).
ЕСЧП донесе одлука за случајот на едно ирачкото семејство, чии членови кое при обидот да преминат во Европа биле фатени на границата со Србија и приведени во Бугарија.
Судот по 3. точка од Европската конвенција за човекови права го обвини бугарското раководство, кое е потписник на конвенцијата, поради начинот на кој било третирано семејството со три деца на возраст на 1,5, 11 и 16-годишна возраст и поради условите за домување под кои биле држани за време на нивниот притвор во бугарскиот град Видин.
Семејството тврдеше дека покрај условите за живеење за време на нивниот привремен притвор во центарот, во текот на 24 часа не им било дадено вода ниту храна, а шишето и млекото за бебето биле конфискувани од страна на одговорните лица, и дури по 19 часа ѝ биле вратени на мајката. Освен тоа, сите овие тврдења семејството ги поткрепило со видео-снимки.
За семејството кое истата година ја напушти Бугарија и од минатиот јули доби швајцарско државјанство, судот донесе одлука Бугарија да ги плати судските трошоци во висина од 1.000 евра, а за секое дете да исплати отштета во висина од 600 евра.