Muhammed Emin Canik,Sinan Doğan
17 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
БУЕНОС АИРЕС
Повторно се зголемува бројката на смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите од Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 936 лица, во Мексико 670, во Аргентина 162, во Колумбија 204, во Перу 41 и 34 во Гватемала.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 936 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 183.735. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 70.574, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот се зголеми на 7.040.608.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 6.132.683 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 670 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 10.297 новозаразени.
Во Мексико со популација од 126 милиони жители, досега се регистрирани 115.769 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.593.851. Во оваа земја досега оздравеа 945.673 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 162 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 41.365. Во истиот период детектирани се 6.843 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.517.046.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.347.914 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 10. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 204 лица, со што вкупниот број смртни случаи се зголеми на 39.560.
Во последните 24 часа детектирани се 11.953 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 1.456.599. Во оваа земја досега оздравеа 1.336.166 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 41 лице од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 884 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 989.457, од кои починаа 36.858 лица, а оздравеа 924.120 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Гватемала
Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 34 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 4.510. Во истиот период детектирани се 746 новозаразени, вкупно 130.828 од почетокот на заразата.
Досега во оваа земја оздравеа 119.288 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.