Ömer Tuğrul Çam
17 Декември 2020•Ажурирај: 18 Декември 2020
БРИСЕЛ
Вакцинациите против новиот вид коронавирус (Ковид-19) во земјите членки на Европската унија (ЕУ) ќе започнат на 27 декември оваа година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја социјалните мрежи ја потврди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Вакцинациите ширум ЕУ ќе започнат на 27, 28 и 29 декември“, напиша таа.
Со цел да се започне со вакцинација во земјите членки на ЕУ, потребно е Европската агенција за лекови (ЕМА) да даде одобрение за вакцината развиена од страна на „Фајзер" (Pfizer) и „Бајонтех" (BioNTech).
Претходно беше соопштено дека одобрението ќе биде издадено на 29 декември, но по барање на земјите како Германија, ЕМА соопшти дека ќе го забрзи овој процес и дека на 21 декември ќе одржи состанок во врска со ова одобрение.
По одобрението на ЕМА, потребно е Европската комисија да го потврди ова одобрение. Се вели дека тоа ќе се стори за кратко време, и дека потоа ќе започне испораката на вакцините во сите земји членки на ЕУ
Се истакнува дека по испораката на вакцините, се планире земјите членки да ги започнат своите кампањи за вакцинација.