Faruk Zorlu
16 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
ТРИПОЛИ
Едно дете загина и три други се повредени во напад кој утринава го извршија милициите на Калифа Хафтар врз населба во Триполи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Милициите на Хафтар ракетираа населба во Триполи“, се наведува во соопштението на меѓународно признатата Влада на национално единство (GNA).
„Петгодишно дете загина, а неговите браќа и сестри на возраст од 2, 7 и 9 години се повредени“, се вели во соопштението.
Како дел од мерките против Ковид-19, на 21 март стапи на сила прекинот на огнот. Покрај тоа, милициите на Хафтар ги продолжија нивните напади врз Триполи.
Во Либија е пријавен еден смртен случај од вирусот, 35 случаи на заразување и 9 излекувани лица.
Либија е упориште на длабока политичка и безбедносна криза од 2011 година, кога беше соборен Муамер Гадафи од власт. Оттогаш траат тензиите во двата спротивставени табора. Владата на национално единство со седиште во Триполи ја има поддршката од Обединетите нации (ОН) и меѓународната заедница, додека Калифа Хафтар од Тобрук ги предводи нелегитимните сили кои главно ги поддржуваат Египет и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Сепаратистичките сили на Хафтар од април минатата година изведуваат напади со цел заземање на Триполи.