Şenhan Bolelli
16 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
МАДРИД
Последните 24 часа од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Шпанија починаа 551 лице, со што вкупниот број на смртни случаи во оваа земја се искачи на 19.130, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија во дневниот преглед на епидемиолошката слика во таа земја наведе дека е потврдено заразување кај уште 5.183 лица и дека вкупниот број на заразени достигнал 182.816.
Наведоа дека во истиот период се излекувани 3.944 лица кај кои претходно е потврдено заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на излекувани е зголемен на 74.797.
Жариштето на Ковид-19 во Шпанија е Мадрид, во кој се забележани 50.694 случаи на заразување, а починати се 6.877 лица.
Следува Каталонија со 37.354 случаи на заразување и 3.855 починати.
Каталонските власти синоќа ги сменија податоците за смртните случаи во тоа подрачје што се предизвикани од коронавирусот.
Министерството за здравство на Каталонија тврди дека бројот на починати би требало да биде 7.097, додека бројот на заразени, според нивните податоци, би требало да изнесува 55.457.
Министерот за здравство на Шпанија, Салвадор Иља, изјави дека во таа земја од појавата на заразата се направени над 930.000 тестирања и дека сè уште не станува збор за опаѓање на бројот на заразени и починати.
Тој соопшти дека преземените мерки вродиле со плод и дека стапката на раст на бројот на заразени во однос на минатата недела паднала од седум на 2,9 отсто.
Иља додаде дека 40,5 отсто од заразените веќе се излекувани.
Се наведува дека во Шпанија од последиците на Ковид-19 починал познатиот чилеански писател Луис Сепулведа.