Mustafa Melih Ahıshalı
16 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Според вестите објавени на иранската државна телевизија, портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, информирал дека во последните 24 часа во оваа земја од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19 починале 92 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот Џиханпур истакна дека со последните смртни случаи, вкупната бројка на починати во земјата изнесува 4.869, додека бројот на заразени е зголемен за 1.606 случаи, со што вкупниот број на лица што биле позитивни на тестот за Ковид-19 изнесува 77.995.
Во својата изјава Џиханпур истакнал дека 3.594 пациенти се во тешка здравствена состојба, а 52.229 пациенти по завршувањето на лекувањето биле пуштени од болница.
Првиот случај на заразеност со Ковид-19 во Иран е детектиран на 19 февруари во градот Кум.