Ali Cura
21 Јануари 2020•Ажурирај: 22 Јануари 2020
МОСКВА (АА) - Единаесет лица го загубија својот живот во пожарот што избувна во една куќа во подрачјето на Тјумењ во Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на руската новинска агенција ТАСС, која се базира врз основа на соопштението на Министерството за итни состојби, синоќа избувнал пожар во куќа во која живееле шумари во селото Причулимскиј во Тјумењ.
Како резултат на пожарот што избувнал поради сè уште непознати причини, смртно настрадаа 11 лица, меѓу кои има и државјани на Узбекистан.
Безбедносните сили започнаа истрага во врска со случајот.