Ekip
11 Декември 2020•Ажурирај: 13 Декември 2020
КИЕВ
Во Украина се појави метален монолит кој е виден на ридот Замкова Хора во Киев, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претходно слични метални монолити се видени и во Соединетите Американски Држави (САД), Романија и Велика Британија.
Монолитите кои се појавуваат во разни делови од светот предизвикаа интерес кај јавноста и поделени ставови за нив. Не е познато како металниот столб е пренесен на ридот ниту кој го поставил.