ekipa
11 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
МИЛАНО
Производителот на луксузни спортски автомобили „Ферари“ соопшти дека неговиот извршен директор Луис Камилери поднел оставка на функцијата од лични причини, известува Агенција Анадолија (АА).
Како што се наведува во соопштението, претседателот Џон Еклан ќе ја извршува таа функција додека не се именува нов извршен директор.
Камилери, кој функцијата извршен директор ја презеде во 2018 година по смртта на долгогодишниот извршен директор Серџо Маркионе, ја напушта и функцијата претседател на „Филип Морис Интернешнл“, еден од главните спонзори на „Ферари“.
Се шпекулира околу причините за повлекувањето на Камилери, и додека едни извори наведуваат дека тој бил заразен со новиот тип коронавирус (Ковид-19) и е хоспитализиран, други тврдат дека неговото повлекување е од лични причини, а не од здравствени.
Кога ја презеде должноста извршен директор, Камилери го претстави бизнис-планот кој вклучуваше заживување на култните модели вградени во технологијата на Формула 1 и проширување на Ферариевата понуда на електрични и бензиски хибридни погонски модели.
„Ферари“, чие седиште се наоѓа во регионот Емилија-Ромања, еден од најпогодените региони во Италија од коронавирусот, објави соопштение за константната добивка во третиот квартал, како резултат на прекинот на италијанското производство. Нето-добивката изнесуваше 171 милион евра во еден квартал, во споредба со 169 милиони во истиот период минатата година. Испораката на возила изнесува 2.313 возила, што е намалување од 161.