Dildar Baykan
09 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
ЊУЈОРК (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, истакна дека е загрижен за состојбата на саудискиот новинар Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп во Белата куќа даде изјава за состојбата на Кашоги. „Загрижен сум за ова прашање. Се надевам дека во најкраток можен рок ќе се обелодени ова прашање.
Моментално никој ништо не знае за оваа ситуација“, рече тој.
Тврдењето дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул предизвика реакции во САД.
„Го следиме случајот“, истакнаа од американскиот Стејт департмент, додека уредникот на „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Фред Хиат, рече дека ако се точни вестите дека Џамал е убиен, тоа би претставувало монструозен и неодгатлив акт.
Од друга страна, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во врска со исчезнувањето на Кашоги истакна дека претставниците на овој конзулат не можат да се спасат себеси со тоа што изјавиле оти тој излегол од Конзулатот.