Elena Teslova
04 Ноември 2018•Ажурирај: 06 Ноември 2018
МОСКВА (АА) - Руска делегација предводена од рускиот специјален претставник за Сирија, Александар Лаврентиев, денес во Дамаск оствари средба со лидерот на сирискиот режим, Башар ал Асад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, двете страни дискутирале за резултатите од четирилатералниот Самит кој се одржа во Истанбул на 27 октомври.
Тие, исто така се осврнале и на прашањата за формирање на уставниот комитет.
На Самитот во Истанбул, чиј домаќин беше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на кој присуствуваа рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, беше повикано да се формира уставен комитет за Сирија за одржување слободни и фер избори во земјата.
„Руските и сириските претставници на состанокот се договориле да продолжат со своите активности за отстранување на пречките на патот за формирање на комитетот“, се додава во соопштението.