Burak Bir
07 Јуни 2022•Ажурирај: 07 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Израелски воени авиони нападнаа позиции на силите на режимот на Асад во Сирија, објави утринава сириската државна новинска агенција САНА, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Израелските воздухопловни сили го извршија нападот синоќа од правец на Голанската Висорамнина“, соопшти САНА, повикувајќи се на воени извори.
Се додава дека нападот бил насочен кон одредени позиции во западниот дел на Дамаск.
САНА истакна дека сириските системи за противвоздушна одбрана пресретнале и собориле дел од ракетите и била претрпена само материјална штета.
Израел постојано спроведува напади врз Сирија насочени против силите на режимот на Башар ал Асад и групите поврзани со Иран.