Aşkın Kıyağan
07 Јуни 2022•Ажурирај: 09 Јуни 2022
ВИЕНА (АА) - На надворешниот ѕид на џамија во Австрија испишани се расистички и антиисламски зборови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена од претставниците на Зелената џамија во Соленау, Долна Австрија, неидентификувано лице без дозвола влегло во делот каде што се наоѓа џамијата и напишал антиисламски и расистички зборови на надворешните ѕидови.
Во соопштението се наведува дека антиисламскиот напад е најостро осуден и се подвлекува дека тоа е напад врз сите муслимани и врз слободата на вероисповед во земјата.
И турскиот амбасадор во Виена, Озан Џејхун, изразувајќи најостра осуда за нападот рече дека безбедносните сили започнале истрага за расветлување на случајот.
Џејхун изрази уверување дека властите ќе го фатат напаѓачот што е можно поскоро. „Се надевам дека овој инцидент ќе биде последниот расистички напад што го нарушува општествениот мир во Австрија.“
Генералниот конзул на Турција во Виена, Џафер Мерт Озмерт, го посети здружението на џамијата и се запозна со деталите за нападот.