Aşkın Kıyağan,Mehmet Yılmaz
14 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
ВИЕНА
Вториот бран на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), што ги зафати земјите од Централна Европа, предизвика зголемување на бројката од новозаразени на дневно ниво во Австрија, Унгарија, Полска, Чешка и Словачка, а во постојан раст е и бројката на починати, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа во Австрија, која има популација од околу 9 милиони жители, детектирани се 1.346 новозаразени. Станува збор за рекордна бројка на заразени од месец март досега.
Иако австриската Влада вложува напори да не дојде до повторно воведување карантин или забрана за излегување надвор и запирање на општеествениот живот, според податоците на Министерството за здравство на Австрија, вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот изнесува 58.672, додека од последиците на заразеност со Ковид-19 досега починале 11.872 лица.
- Во Словачка се водедува задолжително носење маски на отворен простор
Во Словачка, која воведе вонредна состојба поради пандемијата на коронавирусот, во последните 24 часа се детектирани 1.410 новозаразени. Словачка, која брои 5,5 милиони жители, со цел да се намали влијанието на коронавирусот, почнувајќи од утре, воведува задолжително носење маски и на отворен простор.
Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во Словачка се детектирани 22.296 лица позитивни на вирусот, а од последиците на заразеност животот го загубија 66 лица, од кои 5 во последните 24 часа.
- Во Полска рекордно ниво на смртни случаи
Во Полска е забележан рекорден број смртни случаи предизвикани од коронавирусот од почетокот на пандемијата досега. Во последните 24 часа од последиците предизвикани поради заразеност со Ковид-19 животот го загубија 116 лица, а детектирани се 6.526 лица позитивни на вирусот. Досега во оваа земја се регистрирани 141.804 лица позитивни на вирусот, додека вкупниот број на починати изнесува 3.217.
- Во Чешка затворени училиштата, рестораните, кафулињата и ноќните клубови
Во Чешка, која воведе делумен карантин, во последните 24 часа коронавирусот е забележан кај 8.326 лица, додека 55 лица ги загубија животите од последиците на заразеност со вирусот.
Вкупниот број лица кај кои е детектиран коронавирусот изнесува 129.747, додека вкупната бројка на починати се зголеми на 1.106.
- Нови 920 случаи на Ковид-19 во Унгарија
Во последните 24 часа во Унгарија откриени се 920 лица позитивни на коронавирусот, а 27 лица ги загубија животите. Со последните бројки, вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се зголеми на 40.782, додека бројката на починати се искачи на 1.023.