Emin Avundukluoğlu
24 Март 2016•Ажурирај: 25 Март 2016
АНКАРА (АА) – Новата коалициска влада беше назначена од страна на словачкиот претседател Андреј Киска, објавија локалните медиуми денес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Роберто Фицо, лидерот на Социјалдемократите (Смер-СД), доцна синоќа беше поставен како заменик министер, соопшти словачкиот коментатор на англиски јазик, цитирајќи ја новинската агенција TASR .
Фицо, кој го започна својот трет мандат како премиер, мора да ја претстави владината програма во Парламентот во рок од 30 дена.
Владата ќе биде составена од партијата Смер-СД, Словачката Национална партија (SNS), конзервативната партија "Siet" и партијата "Most-Hid", која што ги претставува етничките Унгарци.
Партијата Смер-СД, која претходно беше сама на власт, на петите по ред избори во март освои 49 од 150 места во парламентот.
Коалициските партии заеднички освоија 81 место во парламентот.
Партијата на Фицо ќе ја задржи контролата на 8 министерства, вклучувајќи го и министерството за финансии, за внатрешни и надворешни работи. Словачката национална партија ќе има три министерства додека "Most-hid" ќе раководи со две министерства, додека партијата "Siet" со едно.
Освен својата левичарска ориентација, Смер –СД партијата го покажа својот став против миграцијата како главна точка во својата изборна кампања, својата поддршка за социјалниот систем а ја покажа и силната улога на државата во економијата.