Turgut Alp Boyraz
24 Март 2016•Ажурирај: 25 Март 2016
ЕРУСАЛИМ (AA) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека наскоро ќе биде одржана нова средба на делегациите на Израел и Турција и изрази надеж дека ќе биде остварен напредок во процесот на нормализација на односите помеѓу тие две земји, јавува Anadolu Agency (AA).
„Израел секогаш сакал да ги поправи односите со Турција и ние не бевме страната која направи пресврт во тие односи. Сакаме да ги нормализираме нашите односи колку што тоа ќе биде можно. Во тек се контакти и тие одат во добра насока", се наведува во пишаната изјава на Нетанјаху, која е објавена синоќа од неговиот кабинет.
Во соопштението исто така се наведува дека двете земји соработуваат на истрагата за терористичкиот напад во кој во сабота во центарот на Истанбул се убиени четири лица, меѓу кои три Израелци.
Нетанјаху наведува дека нема никакви обвинувања на истрагата и постапките кои турските институции ги водат со цел расветлување на тоа злосторство зад кое стои терористичката организација ДАЕШ.