Aldıjana Hadzıc
11 Февруари 2018•Ажурирај: 12 Февруари 2018
БРАТИСЛАВА (АА) - Хотелите ширум светот настојуваат да пронајдат различни начини за привлекување гости, поради што се натпреваруваат во пружањето подобри услуги, но словачкиот хотел „Галерија“ во Братислава одлучи да оди чекор понатаму и да ги спои уметноста со архитектурата и туризмот, пишува Anadolu Agency (AA).
Овој хотел, кој е идеален за оние кои сакаат живописни бои, привлекува внимание со својот авангарден изглед, а делува и како уметничка галерија. Гостите имаат можност да престојуваат во шарени соби со можност за користење на многу погодности.
Надворешниот, но и внатрешниот дел од хотелот потсетуваат на делата на сликарите кои ги започнаа познатите уметнички правци кои и денес предизвикуваат големо внимание и се тема на бројни разговори.
Хотелот не е интересен само на оние кои се занимаваат со уметноста, хотелиерството или архитектурата, туку и со фотографија и маркетинг, а на посетителите им се нуди незаборавно искуство.