Hüseyin Mahmud-Rabi es-Sukkeri,Ayşe Sümeyra Aydoğdu
09 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
КАИРО (АА) - Најмалку 20 лица се повредени во пожар кој синоќа зафати зграда на еден хотел и соседни објекти во главниот град на Египет, Каиро, јавува Anadolu Agency (AA).
Во хотел во популарниот каирски кварт Атаба, синоќа изби пожар кој брзо се прошири низ целиот објект и соседната зграда.
Противпожарните служби рано изутринава успеаа пожарот да го стават под контрола, а станува збор за втор сличен пожар во таа населба.
Портпаролот на египетското Министерство за здравство, Халид Муџахид, соопшти дека во пожарот се повредени 20 лица, меѓу кои нема животно загрозени лица.
Очевидците јавуваат дека гостите на хотелот се евакуирани пред пламенот да ја зафати целата зграда, а заедно со противпожарните служби стигнала и војската.
Истрагата за причините за пожарот е во тек.