Sayed Khodaberdi Sadat
09 Мај 2016•Ажурирај: 09 Мај 2016
МЕЗАР И-ШЕРИФ (АА) - При воздушен напад врз силите на Ал Каеда на западот од Авганистан, во покраината од Кундуз, убиени се пет припадници на терористилката организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на полициската станица во Кунсуз, генерал Мухамед Касим Џенгелбаг, за дописникот на АА изјави дека во нападот на авганистанските воздухопловни сили во селото Тахер Камар од округот Чардере во Кундуз, убиени се петмина припадници на терористичката организација Ал Каеда.
Генерал Џенгелбаг изјави дека во нападот меѓу загинатите се наоѓа и братот на лидерот на терористите Ебу Хузејфе, кој беше убиен во месец август минатата година и додаде дека акцијата продолжува.