Safvan Allahverdi
25 Април 2017•Ажурирај: 26 Април 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американското Министерство за одбрана соопшти дека од март извршиле повеќе од 80 напади на позициите на Ал Каеда во Јемен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис, на прес-конференција истакна дека на 18 и на 23 април, американските сили извршиле напади на позициите на терористичката организација Ал Каеда на Арапскиот Полуостров (АКАП).
„Американските сили ќе ја продолжат серијата напади против АКАП за да ја ограничат нивната способност за задржување на териториите на одземената легитимна влада на Јемен“, додаде Дејвис.
САД неодамна ги интензираа нападите со дронови на позициите на Ал-Каеда во областите Шабуа, Абјан и Aл-Бајда.
Ал Каеда моментално има контрола над градот Мукала, регионалниот центар на областа Хадрамут и на делови од областите Шабуа и Абјан.
Немирите во Јемен избувнаа кон крајот на 2014 година, кога бунтовниците Хуси го презедоа главниот град Сана принудувајќи ја владата на претседателот Абд Рабо Мансур ел Хади да побегне во Ријад.
Судирот ескалираше во март 2015 година, кога Саудиска Арабија поддржана од останатите арапски земји започна голема воена кампања против Хусите, поддржувајќи ја владата на Хади.
Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) наведува дека поради судирите во Јемен, три милиони граѓани на таа земја побегнале во соседните држави, а 10.000 лица загинале.