Halit Süleyman,Mohamad Misto
25 Април 2017•Ажурирај: 25 Април 2017
ИДЛИБ (АА) - Најмалку 15 цивили го загубија животот во воздушен напад извршен на една болница во регионот Кефер Техарим и на селото Дувејле, кои се наоѓаат во сирискиот град Идлиб, а ранети се 8 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на АА во Идлиб, рано изутрина е извршен воздушен напад на една болница во регионот Кефер Техарим и на селото Дувејле, кои се наоѓаат во северозападниот дел на Идлиб.
Две амбулантни возила и зградата на болницата се сериозно оштетени, и не се во функционална состојба.
Во болницата нема жртви, додека во селото Дувејле загинаа најмалку 15 лица, а 8 се ранети.
Сѐ уште не се знае кој го изврши воздушниот напад.
Шестмина цивили загинаа, а 10 лица беа ранети во воздушниот напад извршен вчера на Хан Шејхун, во градот Идлиб, каде што на 4 април режимот на Башар ал Асад изврши масакр со хемиско оружје.