Sayed Khodaberdi Sadat
07 Мај 2017•Ажурирај: 07 Мај 2017
МЕЗАР-И-ШЕРИФ (АА) - Во операција против талибанците организирана во покраината Кундуз, на северниот дел на Авганистан, неутрализирани се 26 милитанти, јавува Anadolu Agency (AA).
Махфузулах Акбари, советник за медиуми во покраинската полиција, изјави дека милитантите се убиени во операцијата во местото Ханабад, кое припаѓа на покраината Кундуз.
Акбари додаде дека во операцијата се ранети и 16 милитанти, и дека во полициските станици на територијата на која траат операциите е испратен додатен персонал и опрема.
Талибанците не дадоа никакво соопштение во врска со тоа.
Во Авганистан доаѓа и до судири меѓу талибанците и припадниците на терористичката организација ДЕАШ. На почетокот од месецот терористите на ДЕАШ извршија напад врз камп на талибантските милитанти во подрачјето Чапархар каде што загинаа 27 милитанти и најмалку седум терористи на ДЕАШ. Кон крајот на април исто така дојде до судири помеѓу терористите на ДЕАШ и талибанските милитанти во северната авганистанска покраина Јовзјан, при што загинаа 76 талибантски милитанти и 15 терорсти на ДЕАШ.