Sayed Khodaberdi Sadat
04 Ноември 2016•Ажурирај: 05 Ноември 2016
МЕЗАР-И-ШАРИФ (АА) - Најмалку 30 цивили загинаа во акција спроведена против талибанците во провинцијата Кундуз, северен Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на провинцијата Кундуз, Саид Махмуд Радманис изјави дека за време на судирот со припадниците на безбедносните сили, талибанците влегле во една куќа во Кундуз, каде што имало цивили.
За време на конфликтот загинале 30 цивили, а Радманис истакна дека се убиени и 26 талибанци.
Очевидци тврдат дека цивилите загинале во воздушните напади на авионите на САД. Од кабинетот на претседателот на Авганистан го осудија нападот врз цивилите.