Haydar Hadi
04 Ноември 2016•Ажурирај: 05 Ноември 2016
МОСУЛ (АА) - Во близина на центарот на ирачкиот град Мосул, ослободени се 6 населби од рацете на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Силите против тероризмот ги зазема населбите, ел-Мелајин, ес-Семах, ел-Хадра, Керкукли, Кудус и Керама“, вели во писмено соопштение командантот на операцијата „Нинива“, Абдулемир Решид Јарулах.
Командантот Јарулах истакна дека во владините објекти во ослободените населби е поставено ирачкото знаме.
Во тек е 19. ден од операцијата за ослободување на Мосул од ДЕАШ, со учество на ирачката војска, полициските сили, единиците на Пешмерга лојални на регионалната влада на ирачките Курди, и меѓународните коалициски сили коишто даваат воздушна поддршка.
Во јуни 2014 година, терористичката организација ДЕАШ го освои Мосул по повлекувањето на воените единици од регионот.