Ertuğrul Subaşı
09 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Припадниците на турските безбедносни сили во изминатата недела извршија 253 акции против терористичката организација ПКК, во кои беа неутрализирани деветмина терористи и уапсени 344 лица осомничени за помагање на терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Од вкупниот број уапсени лица, 36 се задржани во притвор. Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција, во операцијата за борба против тероризмот од 2 до 9. јануари учествуваа припадниците на полицијата, жандармеријата и припадници на Турските вооружени сили (ТСК).
Во операциите загинаа тројца припадници на терористичката организација ПКК, четворица беа заробени, а други двајца се предадоа на силите за безбедност.
Припадниците на турските безбедносни сили во истиот период лишија од слобода 129 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ.
Во акциите против терористичката организација ФЕТО беа лишени од слобода 627 лица, а 406 се уапсени.
Безбедносните сили уништија 48 засолништа користени од страна на терористите, а неутрализирани се и 45 рачно изработени експлозивни направи. Запленети се стотици килограми експлозиви, 33 рачни гранати и 70 парчиња оружје, од кои еден минофрлач, осум гранати и 37 автоматски пушки „калашников“.
Пронајдена е дрога, шверцувани цигари и гориво во вредност од околу осум милиони евра, со чија продажба требаше да се финансира тероризмот. Уапсени се 25 лица шверцери.