Yeşim Sert Karaaslan
09 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара изјави дека обидот за државен удар од 15 јули минатата година, кој се обиде да го изведе терористичката организација ФЕТО, е најподлото и досега најголемото предавство, јавува Anadolu Agency (AA).
„Јасно е дека обидот за државен удар од 15 јули не прв случај нашата држава и нашиот народ да бидат предадени. Меѓутоа, кога ќе се земат во предвид целите, начинот на спроведувањето и резултатите, обидот за државен удар беше најподлото и најголемото предавство. Злосторничката чета која под изговор за служење, дијалог и образование се вовлече во институциите, притоа пљачкајќи го народот, уништувајќи ги децата, го изврши најгрозоморниот терористички чин во нашата историја“, рече Ердоган.
Тој истакна дека турските државни институции никогаш нема да се заморат од борбата против терористичката организација ФЕТО.
Претседателот на Турција порача дека во последно време сојузниците и коалицијата потфрлиле во борба против ДЕАШ.
„Сакам да кажам дека во последно време во однос на борбата против ДЕАШ, нашите сојузници и коалицијата за жал потфрлија. Никогаш нема да дозволиме терористички коридор долж нашата јужна граница. Со прашањата кои се однесуваат на националната безбедност ќе се бавиме и на терен и на маса. Од друга страна, не сме и нема да бидеме неми набљудувачи на настаните во Ирак“, рече Ердоган во говорот на 9. амбасадорска конференција во Анкара.
Турскиот претседател истакна и дека во борбата против ДЕАШ и ФЕТО покрај Турција сака да ги види и решителните сојузници, Соединетите Американски Држави. „
Верувам дека по 20. јануари, кога на должност ќе стапи новиот претседател Трамп (Доналд) ќе се интензивира дијалогот. Верувам дека и во однос на регионалните прашања со Трамп брзо ќе ги приближиме ставовите, и за краток временски период ќе постигнеме напредок по одредени прашања“, рече Ердоган