Mustafa Kurt
09 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
АНТАЛИЈА (AA) - Последиците од студеното време што ги зафати Европа и поголемиот дел од Турција, не ги спречи групата спортисти да сурфаат во Аланија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од локалниот Метеоролошки завод соопштуваат дека највисоката темература на воздухот изнесува 14, а на морето 16 степени, и дека морските бранови достигнуваат височина од четири метри.
Група спортисти од „Аланија сурф тим“ одлучија да го искористат разбрануваното море и да сурфаат во близина на плажата Кејкубат.
Хајри Јениалп, член на групата, истакнува дека Аланија е центар за сурфање во Турција и дека сурфаат од 2009 година.
„Оваа година рано почнавме. Времето и ветрот се погодни за сурфање. На планините има снег, но ние се капеме во морето чија температура изнесува 16 степени. Имаме пријатели што доаѓаат од Аланија, но и од странство. Овде уживаме во зимата“, истакнува Јениалп.
Мехмет Озген вели дека денот е убав за сурфање и целта му е да придонесе за зимскиот туризам.
„Сурфаме со пријателите од земјата и од странство. Брановите се прекрасни. Придонесуваме за зимскиот туризам и за сурфањето во Аланија. Сметам дека во иднина ова подрачје ќе придонесе за туризмот во Аланија. Во странство центрите за сурфање се посетени од илјадници сурфери", рече Озген.